Бандини е индиска телевизиска серија која се прикажува на NDTV Imagine во Индија. Серијата е произведена од страна на Shobha Kapoor и Ekta Kapoor од Balaji Telefilms. Taa e втора најгледана и најнаградена серија во Азија уште од првото емитување (19 јануари2009). Се емитува 5 пати неделно во Индија, Англија, САД и други земји.
Санто Вагела (Асија Кази) живее со нејзините две сестри, најстарата сестра, Кеми Вагела (Лена Џумани), 18-годишна, најмалата, Мунги и нејзиниот дедо Мадхав Соланки.
Дарамраџ има проблеми во работата и за неговиот најдобар работник, Мадхав Соланки да не замине од фабриката, тој организира неговата најстара внука, Кеми да се венча со маринец, Махеш. Но Кеми испаѓа дека е Манглик (злобна позиција на Марс според астролошката шема). Затоа се организира брак меѓу Махеш и Санто. На денот на венчавката Махеш е подмитен од непријателите на Дарамраџ да избега. Селаните протестираат. За да ги смири Дарамраџ се венча со Санто. Фамилијарниот Гуру вели дека хороскопот на Санто ќе ги реши сите проблеми во фамилијата.
Дарамраџ ја игнорира Санто. Таа е постојано малтретирана од неговата постара сестра, Тарулата (Тару) Махијаванши (Расика Џоши).
Хитен заминува од дома и ја презема казната на Молик и почнува да живее и работи во куќата на Санто заедно со нејзините две сестри, Кеми и Мунги. Кеми на почетокот не го прифаќа, затоа што не ја прифаќа Санто како негова мајка, но подоцна се спријателува со него кога ја гледа неговата добрина и почнува да покажува чуства кон него како и тој кон неа.
Разни прилики ја тераат фамилијата да ја прифати Санто, како на пример посетата на пријателката на Дарамраџ, Мегна.
Санто и помага на фамилијата на разни начини. Ја спречува Каду да избега и да се венча со синот на непријателот на Дарамраџ, Авинаш Чодри и организира венчавка помеѓу неа и синот на Мегна, Шашанк (Бхарат Чавла). Кадамбари и е благодарна на Санто и ја прифаќа за нејзина мајка, како што ја прифатија Сураџ и Бирва. Таа исто така открива дека Молик станува алкохоличар и успева да го одвикне од алкохолот носејќи го во центарот за рехабилитација за да се лекува.
Мадхав Соланки организира брак помеѓу неговата внука, Кеми и слугата на Дарамраџ, Шамбу. Кеми прифаќа иако не е заљубена во него, а Хитен го негира тоа и не сака овој брак да се склучи, но сепак и помага на Кеми и вели дека се ќе направи за да биде среќна. Кеми и Мунги престојуваат во куќата на Дарамраџ. Кеми признава дека е заљубена во Хитен, и пробува да го заборави, но ја остава Санто да сумња дека нешто не е во ред. Љубовта помеѓу Кеми и Хитен сѐ уште останува скриена. Додека Дарамраџ заминува во Антверпен се подготвуваат подготовките за свадбата на Кеми и Шамбу но на крај излегува дека тој не знаел ништо за нивната свадба. Тарулата ја негира оваа свадба затоа што не сака човек од ниската каста да му биде зет на нејзиниот брат. Дарамраџ ја прифаќа нивната свадба. Санто ја советува Кеми да ги заборави сите нејзини минати врски. Таа вечер Кеми заминува да се моли на Божицата за да го заборави Хитен но тоа не и успева. Хитен ја преслушува и ја тера да каже што чуствува кон него. И двајцата си ја признаваат нивната љубов но во тој момент доаѓа Санто и ги разделува. Санто поради големата неконтрола ја удира Кеми. Кеми е уништена. Подоцна сите дознаваат за нивната љубов и селаните протестираат, дека овој брак не може да се склучи бидејќи Кеми на Хитен му е тетка. Кеми на денот на нејзината свадба побегнува заедно со Хитен за да се венчаат. Во тоа им помага и Шамбу. Кога решаваат да се венчаат нив ги киднапира Авинаш Чодри, но тие побегнуваат. Дарамраџ не им дозволува да се венчаат но Хитен не се откажува. Санто го советува Дарамраџ да се разведат за Кеми и Хитен да можат да се венчаат, затоа што нивната љубов е вистинска, а љубовта помеѓу Санто и Дарамраџ е компромис. Тие се разведуваат. Во меѓувреме Хитен и Кеми постојано се среќаваат во храмот. Кеми гледајќи дека нивната љубов е невозможна, решава да почне нов живот надвор од Дарампур, живеејќи само со спомените од Хитен. За тоа време Санто и Дарамраџ се разведуваат, но кога дознаваат дека Кеми избегала, Хитен заминува да ја бара со надеж дека ќе може да се венчаат и да почнат нов живот.
Канџи Вагела, поранешен бунтовник, излегува од затвор и оди во куќата на Мадхав Соланки. Тој вели дека го бара неговот дете којшто го оставил кај родителите на Санто. Тој дознава дека родителите на Санто умреле, но продолжува да го бара неговото дете, заминувајќи во Џамкамбалдија.
Нова слугинка, Чамку доаѓа во куќата и и признава на Тару дека знае се за нејзиното минато и за Канџи Вагела. Со Тару оди во затвор за да го побара Канџи но се дознава дека тој излегол.
Кеми заминува за Џамкамбалдија и почнува да работи во чајџилница. Откако го гледа Хитен побегнува и се сретнува со Канџи Вагела и почнува да живее и работи во неговата куќа. Таа прва ја дознава тајната на Канџи Вагела. Тајната е дека негова сопруга била Тару и дека заедно имале дете. Санто ја наоѓа Кеми, и ја замолува да се врати. Кеми и ја кажува тајната на Санто. Санто и Канџи заминуваат за Дарампур, Кеми ја лаже Санто дека има работа и не може да дојде, но вистинската тајна е дека не сака да се врати и да ги раздели Дарамраџ и Санто и да предизвика тага во целата куќа. Решава да се врати на Џанмаштами.
Kанџи дознава дека родителите на Санто заедно со неговиот син умреле кога автобусот паднал во провалија. А синот го носеле на Тару. Канџи разочаран оди во куќата на Дарамраџ и се сретнува со Тару, на која и е лут. На Дарамраџ му ја продава неговата земја.
Кеми пристигнува во Дарампур за Џанмаштами, но решава да избега затоа што не сака да предизвика тага и да го растури семејството. Влегува во автобус но по пат автобусот почнува да гори. Кеми во последен момент успева да избега преку прозорецот и автобусот експлодира. Таа паѓа во шума и се онесвестува. Непознат човек доаѓа и ја спасува.
Дарамраџ и Тару , гледајќи дека Кеми не доаѓа, договараат Хитен да се ожени со ќерката на неговиот пријател Саумил, Торал. Санто и Хитен сумњаат дека нешто не е во ред со доаѓањето на Кеми. Хитен и Торал се договараат лажно да го прифатат бракот сè додека не ја најдат Кеми и додека не дојде момчето на Торал, Песи во Индија. Хитен постојано тагува и мисли на Кеми.
Молик почнува да работи во фабриката на Дарамраџ. Дарамраџ заминува 10-12 дена во Антверпен и му ветува на Хитен дека кога ќе се врати ќе го венча со Кеми.
Молик се сретнува со Канџи Вагела и меѓу нив се раѓа непријателство. Молик го предизвикува Канџи за 10 дена да научи да обработуба дијаманти. Канџи учи да обработува од Мадхав Соланки.
Санто е повикана во училиштето на Бирва и дознава дека нејзините оценки се слаби. Санто подоцна дознава дека Бирва побегнувала од часови и се сретнувала со едно момче. Бирва постојано ја лаже Санто. Бирва се договара со момчето да избегаат и да се венчаат. Санто и ветува на Бирва дека кога ќе порасне, лично ќе ја венча. Поради недоразбирање со Тару, сите во куќата мислат дека Санто и помага на Бирва да се венча на мала возраст. Дарамраџ се враќа од Антверпен и ја казнува Бирва, запишувајќи ја во друго училиште.
Мегна на нејзинот роденден му предлага на Дарамраџ, Бирва да остане кај нив, велејќи дека тоа би и било многу убав роденденски подарок.
Торал возејќи се со колата во Џанипур, ја наоѓа Кеми. Торал му се јавува на Хитен, велејќи дека му подготвува изненадување. Торал престојува во куќата на Кеми. Следниот ден Кеми му се јавува на Хитен и вели дека за неколку дена ќе дојде за да се венчаат. Хитен и е благодарен на Торал. Дарамраџ и Санто се разведуваат, Санто му вели на Дарамраџ дека штом го ожени нејзиниот син ќе замине од куќата. Васуда (свекрвата на Дарамраџ) многу тешко го поднесува заминувањето на Санто. На денот на венчавката сите со радост ја пречекуваат Кеми. Санто го забележува ѓерданот на Кеми кој само венчани жени го носат. Сите се шокирани. Кеми му кажува на Хитен дека е венчана, и дека тргнала по пат по кој нема враќање. Во куќата на Санто, Санто ја прашува Кеми зошто се венчала. Кеми и кажува дека не може да се венча со Хитен и да биде среќно а другите да бидат тажни.Им кажа дека се венчала со човекот кој и го спасил животот, Арџан. Кеми и Хитен повторно скришно се среќаваат во храмот. Двајцата си ветуваат дека никогаш нема да се заборават.
Васуда го советува Дарамраџ да ја врати Санто во куќата затоа што таа е изворот на среќа во куќата. Дарамраџ одбива и Васуда добива инфаркт. Санто се грижи за неа. Хитен открива дека Дарамраџ и Санто се развеле за тој да се венча со Кеми. Тој решава Санто да ја направи среќна и ја признава за негова мајка. Дарамраџ и Санто сепак сакаат да се разведат. Сите во куќата се обидуваат да ги спојат и е решено Санто да го изведе ритуалот за Навратри заедно со Дарамраџ. Дарамраџ ја гледа Субхадра во Санто.
За време на ритуалот Хитен добива халуцинација од Кеми и повторно му се отвора старата рана и љубовта кон неа. Заедно со Торал одат во Џанипур. Таму Хитен се запознава со мажот на Кеми, Арџан за време на ритуалот. Хитен открива дека Кеми ништо не му кажала на Арџан за нејзиното минато и дека тие биле во врска. Кеми сѐ уште покажува знаци на љубов кон него, иако е мажена со Арџан.
Молик во меѓувреме дознава дека Тару му била жена на Канџи,а подоцна открива дека тој е нивни син.
Арџан мора да го исплати долгот или ќе ја изгуби куќата и неговата земја. Заедно со Кеми одат во Дарампур во старата куќа на Санто. Мадхав и кажува на Кеми дека можеше да се венча со Хитен бидејќи Санто и Дарамраџ се разведуваат. Кеми е лута. На ритуалот ја виде Санто со ѓерданот којшто Хитен и го подари кога се спремаа да се венчаат. Кеми ја крие нејзината љубомора и лутина. Хитен ја замолува да му дозволи да и биде пријател, но таа одбива бидејќи не сака Арџан да дознае за нивното минато. Арџан почнува да работи како готвач во домот на Дарамраџ и Тару му кажува за Хитен и Кеми. Кеми е принудена да му раскаже се за неа и за Хитен.
Подоцна се открива дека момчето на Торал, Песи починало пред една година. Хитен гледајќи дека неговата љубов со Кеми е невозможна и поради жалост кон Торал му вели на Дарамраџ дека ќе се венча со неа само ако Дарамраџ се венча со Санто. Дарамраџ ја спречува Санто да замине од дома. Хитен наоѓа оправдание за да не се венча со Торал но тоа не му успева. Хитен и вели на Торал да се венчаат но по бракот да можат да го поминат животот сеќавајќи се на Кеми и Песи. Торал прифаќа. Хитен прво ја поканува Кеми на свадбата. Торал му ја покажува нејзината рака на Хитен и забележува дека Кеми на нејзината рака ја напишала првата буква од неговот име. Хитен почнува да забележува дека Кеми е сѐ уште заљубена во него. Санто сумња дали Кеми навистина го сака Арџан. Хитен и Торал се верат. Кеми не ја покажува нејзината среќа на нивната веридба.
Дарамраџ скришно и организира брак на Санто со син на некој негов работник.но Санто дознава и го моли на Дарамраџ тоа да не го стори.Потоа во куќата се решава да одат на местото каде што господарот дели правда пред целото село,но овој пат само Санто и Дарамраџ да одат.Дарамраџ да седи на столот од кој секогаш делел правда но овојпат Санто ќе поставува прашања а тој само ќе одговара и на крајот да одлучи како да биде.Отидоа таму Санто прашауваше кажуваше све што и лежеше на срце.Дарамраџ одлучува дека Санто нема да ја даде на работникот туkу тој ќе се ожени со неа.Дарамрач тогаш Санто ја прифајќа за жена и сите во семејството се срејќни.
No comments:
Post a Comment